PANTHEON Школо за Сметководство

Доколку не сте во можност да присуствувате на предавањата, но сепак сте заинтересирани за одредена едукација / обука, прикажана во прилог, пријавете се и ќе ви доставиме видео снимка по завршувањето на предавањата. 

Стекнете сеопфатно знаење за сметководство во PANTHEON

Пет одлични причини

Зошто да се пријавите на PANTHEON Школото за сметководство?

Специјализирани предавања за корисниците на PANTHEON

Предавања специјално прилагодени за корисниците на PANTHEON. Ќе научите како оптимално да ги искористите сите функционалности што ги нуди програмата.

Искусни и професионално квалификувани предавачи

Нашите предавачи се експерти со долгогодишно искуство кои работат со програмата PANTHEON. Со нивна помош, ќе ги стекнете потребните вештини за успешна работа.

Флексибилен распоред

Знаеме дека вашето време е скапоцено, па затоа и ви нудиме флексибилен пристап со можност за посетување едукации онлајн (преку интернет) или во нашите канцеларии (со физичко присуство). Изберете го начинот на присуство на предавањата што најмногу ви одговара.

Поддршка по завршувањето на курсот

Дури и откако ќе ја завршите PANTHEON школата за сметководители, ние ќе останеме со вас. Нашиот тим за поддршка ( USD ) е достапен за дополнителни прашања и помош за навистина да ги совладате сите предизвици при користењето на PANTHEON.

Нарачајте видео снимки!

Не ја пропуштајте можноста да ги подобрите вашите знаења и вештини за PANTHEON. Нарачајте видео снимки и станете експерт во вашата област!

14 едукации

Програма на PANTHEON Школо за Сметководство

Вовед во PANTHEON

Основни подесувања

повеќе инфо

Предавач: Игор Калаузаров, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

22.05. 2025, (9:00–12:00)

Содржина:

  1. Шифрарник на партнери и иденти
  2. Видови/Типови на документи
  3. Преглед на администраторска конзола
  4. Објаснување на основните фукции во програмот

 

Модул Материјално

Материјално работење

повеќе инфо

Предавач: Сара Лазарова, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 4 работни часа

Датум и време:

22.05. 2025, (13:00–17:00)

Содржина:

  1. Подесување во администраторска конзола
  2. Набавка на купувачи
  3. Набавка на добавувачи
  4. Разгледување на документите за материјално работење
  5. Целокупен процес од набака до продажба
  6. Ценовна политика
  7. Продажни акции
  8. Инвентар / Попис

 

Модул Финансии – 1 дел

Книжење во PANTHEON

повеќе инфо

Предавач: Емилија Сарџовска Ѓорчева, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 4 работни часа

Датум и време:

23.05. 2025, (09:00–13:00)

Содржина:

  1. Контен План
  2. Дефинирање на трошоци во шифрарникот на иденти
  3. Подесување на шеми на книжење на документи за издавање и ПОС документи
  4. Подесување на шеми на книжења на приемни документи
  5. Подесување на шеми на книжење на пренос документи
  6. Автоматско книжење
  7. Раскнижување на материјална подтрошувачка
  8. Извештај за ревизија, преглед на главна книга
  9. Контролни исписи како резултат на извршените книжења

 

Модул ДДВ – 2 дел

Пресметка и извештаи во модул ДДВ

повеќе инфо

Предавач: Марија Несторова, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

23.05. 2025, (14:00–17:00)

Содржина:

  1. Основни подесувања
  2. Пресметка на ДДВ
  3. Пресметка на ДДВ-ЕПФ
  4. Пресметка на ДДВ-ЕПФ со имплементатор
  5. Пресметка на ДДВ-ИПДО
  6. Опис на извештаите во ДДВ
  7. Опис на тарифни ознаки, шифрарник на тарифи
  8. Креирање на xml за автоматско вчитување на страната на УЈП

 

Модул Финансии – 5 дел

Системска администрација и Сметководствена конзола

повеќе инфо

Предавач: Емилија Сарџовска Ѓорчева, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

26.05. 2025, (09:00–12:00)

Содржина:

  1. Подесување на сметководствена конзола
  2. Алатки во сметководствената конзола
  3. Пресметка на ДДВ преку сметководствената конзола
  4. Пресметка на Плата преку сметководствената конзола
  5. Пресметка на патни налози
  6. Извештаи

 

Модул Финансии – 2 дел

Платен промет и Благајничко работење

повеќе инфо

Предавач: Андријана Андонова, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 4 работни часа

Датум и време:

26.05. 2025, (13:00–17:00)

Содржина:

  1. Подесување и внес на трансакциски сметки во шифрарникот на партнери
  2. Опис на документи за книжење и нивно подесување
  3. Увоз на изводи, карактеристично за различни банки
  4. Подесување на Ликвидатура
  5. Креирање на платни налози
  6. Креирање на благајнички документи од ПОС документите и евиденција на физичка благајна во склоп на една компанија

 

Модул Финансии – 3 дел

Шифрарник на Основни средства и ситен инвентар

повеќе инфо

Предавач: Андријана Андонова, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

27.05. 2025, (09:00–12:00)

Содржина:

  1. Основни подесувања
  2. Увоз на основни средства
  3. Регистер на основни средтва
  4. Амортизација на основни средства
  5. Попис на основни средства
  6. Основни средства во набавка

 

Модул ZEUS

Анализи и Извештаи

повеќе инфо

Предавач: Александра Николова, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

27.05. 2025, (13:00–16:00)

Содржина:

  1. Припрема на податоци во Администраторска конзола
  2. AD HOC анализа
  3. Контролни плочи
  4. Извештаи

 

Модул Кадри – 1 дел

Кадровска евиденција

повеќе инфо

Предавач: Хамдија Реџепагиќ, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

28.05. 2025, (09:00–12:00)

Содржина:

  1. Креирање и евиденција на параметри во персонална мапа
  2. Подесување на Администраторска конзола врзано за персонална мапа

 

PANTHEON Web

Основни подесувања и поврзувања

повеќе инфо

Предавач: Деспина Заова, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

28.05. 2025, (13:00–16:00)

Содржина:

  1. Основни подесувања
  2. Поврзување на Pantheon со Pantheon Web решенија
  3. Преглед на материјално работење
  4. Опис на гранулата

 

Модул Финансии – 4 дел

Заклучок на година и годишни извештаи

повеќе инфо

Предавач: Деспина Заова, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 4 работни часа

Датум и време:

29.05. 2025, (09:00–13:00)

Содржина:

  1. Модул Биланси
  2. Извоз на податоци за ревизија
  3. Извоз на Бруто Биланс
  4. ИОС
  5. КИПО
  6. Затворање на класа 4 и 7
  7. Заклучок на година
  8. Подесување на финансискиот период после заклучок на година во Адиминстарторска конзола
  9. Проверка на заклучокот на година со затворениот Бруто Биланс за претходната година

 

Модул Кадри – 3 дел

Патни налози

повеќе инфо

Предавач: Сара Лазарова, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

29.05. 2025, (14:00–17:00)

Содржина:

  1. Поврзани шифрарници (дневници и километража, превземање на податоци од сервер)
  2. Подесување на видови документи
  3. Креирање на патни налози
  4. Исплата на патни налози преку плата
  5. Извештаи и книжење на патни налози

 

Модул Кадри – 2 дел

Пресметка на плата

повеќе инфо

Предавач: Хамдија Реџепагиќ, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 4 работни часа

Датум и време:

30.05. 2025, (09:00–13:00)

Содржина:

  1. Припремање на пресметка на плата
  2. Увоз на предефинирани параметри за пресметка на плата
  3. Достапни фукционалности преку волшебното стапче
  4. Креирање на пресметка на плата
  5. Креирање на корекција на плата
  6. Креирање на пресметка на плата по основ на договор на дело, регрес и други основи
  7. Поврзани шифрарници и подесувања во Администраторска конзола

 

PANTHEON DMS

еДокументација , подесувања, класификација

повеќе инфо

Предавач: Игор Калаузаров, Консултант за поддршка, Даталаб МК

Времетраење: 3 работни часа

Датум и време:

30.05. 2025, (14:00–17:00)

Содржина:

  1. еДокументација
  2. Подесување на поштенски сандачиња
  3. Изработка на класификациски план
  4. WorkFlow
  5. Задачи

 

Ценовник на пакети

Нарачајте снимки!

Целата PANTHEON Школа за сметководство се состои од 14 предавања / видео снимки. Можете да ги нарачате сите 14 предавања или комплети од три, шест или девет снимки од предавања по ваш избор.

14 видео снимки од предавања

Цела PANTHEON школа за сметководство

117.800 ден. + ДДВ

 

3 видео снимки од предавања

Комплет од три предавања (видео снимки)

44.640 ден. + ДДВ

6 видео снимки од предавања

Комплет од шест предавања (видео снимки)

86.800 ден. + ДДВ

9 видео снимки од предавања

Комплет од девет предавања (видео снимки)

127.100 ден. + ДДВ

Нарачајте

Видео снимки

PANTHEON Школа за сметководство

Пријави се на следната едукација: *
Напомена */**

* Ги обработуваме личните податоци што сте ги внеле во онлајн формуларот со цел за склучување и извршување на договорот помеѓу Даталаб МК д.о.о.е.л (како контролор на лични податоци) и вие. Вие ни ги доставувате сите лични податоци доброволно. Доколку не ни ги доставите вашите лични податоци, за жал не можеме да ја обезбедиме вашата регистрација и учество на посакуваната обука / едукација, да ве информираме за спроведувањето на обуката и да ви обезбедиме поврзаните материјали. Прочитајте повеќе за тоа како внимателно ги заштитуваме вашите лични податоци во нашата Политика за приватност.

** Со штиклирање на ова опционално поле, потврдувате дека сте запознаени со периодот на чување на вашите лични податоци, фактот дека вашите податоци се обработуваат врз основа на законска согласност и можниот пренос на вашите лични податоци надвор од Европската економска зона. Потврдувате дека сте свесни и разбирате дека можете да ја повлечете дадената согласност во секое време со тоа што ќе ја контактирате нашата компанија писмено на info@datalab.com.mk или по телефон на 02 3079 231. Исто така, сте свесни за сите други права според Политиката за приватност што ги имате како поединец чии лични податоци се обработуваат. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дури и ако не дадете согласност, компанијата го задржува правото да ги обработува вашите лични податоци што ги обработува врз основа на закон, исполнување на договорен однос или легитимен интерес.

 

Што мислат нашите корисници

Кориснички референци

»Консултантите од Даталаб ни направија комплетната обука за користење на програмот и подесување согласно нашите потреби и потребите на нашите клиенти. Јас и моите вработени сме многу задоволни од нивната професионалност и трпеливост..«

Христо Николовски

PANTHEON сметководител, ХРИСО СМЕТКОВОСТВО

»Синхронираноста со моите клиенти во Real Time е мојата нај моќна алатка за да им ја покажам целосно грижата и важноста на нивната документација, да е прокнижена во истиот момент на нивна изработка. Со овој технички начин на поврзаност овозможен од Даталаб сите мои клиенти чувствуваат како да сум во нивната Компанија, дел од нивниот тим.«

Павлина С.Тодоровска

PANTHEON Сметководител, ПРЕМИУМ СМАРТ АКАУНТИНГ

Дополнителни информации

Дали сакате нешто друго да нѐ прашате?

Со нетрпение го очекуваме вашиот повик или е-пошта со дополнителни прашања во врска со PANTHEON сметководствената школа.